Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

06.06.2019

По покана на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Китрус, Катерини и Платамона г. Георгиј, Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид учествуваше во литургиската прослава на празникот Вознесение Христово, во градот Катерини, Р. Грција.

На светата Архиерејска Литургија во Соборниот храм на Катерини, посветен на Вознесението Христово, началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Верија, Науса и Кампанија г. Пантелејмон, во сослужение на Архиерејите, Епископот на Бјалисток и Гдањск г. Јаков од Полската Православна Црква, Епископот стобиски г. Давид од Православната Охридска Архиепископија, Епископот теспион г. Симеон и Архиерејот домаќин, Митрополитот г. Георгиј од Црквата на Елада.

По завршувањето на Литургијата, за сите присутни беше приредена трпеза.