Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

24.06.2018

Неговата Светост Патријархот српски г.г. Иринеј, на 24 Јуни 2018, во соборната црква во Нови Сад, служеше Света Архијерејска Литургија, на која во Епископски чин беше ракоположен Архимандритот Исихиј, игумен на манастирот Ковиљ.

На Неговата Светост му сослужуваше Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко од Православната Охридска Архиепископија, заедно со Блаженејшиот Митрополит на Чешките земји и на Словачка г. Растислав и со повеќе Митрополити и Епископи од Српската Православна Црква, многубројно свештенство и во присуство на многуброен верен народ.