Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

11.06.2018

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, од печат излезе најновиот број на „Соборност“, периодика на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска.

Од содржината на овој број (49-51), на „Соборност“, на насловната страна e предочен текстот на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован „Кој бил Охридски Архиепископ во време на погубувањето на Јован Владимир?“, а во содржината на периодиката застапени се и други текстови од различни автори.

Во периодиката е отпечатен и краткиот хронолошки преглед на дел од настаните во Архиепископијата, поврзани со Архиепископијата охридска, коишто го одбележаа периодот од минатиот до овој број на периодиката „Соборност“, а за најмладите, како и во претходните броеви, тука е илустрираниот подлисток „Соборко“.

Целата содржина на овој број на периодиката можете да ја видите на следнава адреса: Соборност 49-51.