Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

15.06.2017

На денот на споменот на свети преподобномаченик Еразмо Лихнидски, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Верните се поклонија на светите мошти на Св. Еразмо Лихнидски  кои од пред неколку години се донесени од Италија и сега се благослов за Ставропигијалниот манастир во Битола.

По Литургијата, Архиепископот го благослови коливото за празникот.