Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

14.06.2017

По повод празникот на преподобниот Јустин келијски и врањски, на 13-ти Јуни беше отслужено бдение во родната куќа на преподобниот Јустин келијски и врањски, а во продолжение, во Домот на војската беше одржана свечена академија. На академијата со беседа на тема „Светиот Јустин келијски и врањски – наднационален делател на Трисолнечниот Бог“, се обрати Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид.

На 14-ти Јуни, во соборниот храм Света Троица беше отслужена Света Архиерејска Литургија на којашто началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким, во сослужение на Нивните Преосвештенства, Епископите вомировениот милешевски г. Филарет, стобискиот г. Давид и врањскиот г. Пахомиј, како и свештенослужители од Православната Охридска Архиепископија и повеќе епархии на Српската Православна Црква.

На крајот од Литургијата, со пригодно слово се обрати Епископот г. Јоаким.

Во продолжение беше совршена литија до родната куќа на светиот Јустин, каде што им беа доделени награди на најдобрите ученици по веронаука.