Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

09.06.2017

По повод празникот на светиот Лука Архиепископ Симферополски, беше отслужена света Архиерејска Литургија во параклисот посветен токму на овој светител, кој се наоѓа во склоп на Воено Медицинската Академија во Белград.

Со благослов од Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Иринеј, на светата Литургија чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител Битолски г. Марко, а му сослужуваше Неговото Преосвештенство новоизбраниот Епископ нишки г. Арсениј, како и свештеници и ѓакони од белградско-карловачка Митрополија.

На крајот од светата Литургија, Епископот г. Арсениј ги благослови коливото и славскиот колач и со пригодна беседа им се обрати на присутните воени старешини и началници на ВМА како и на присутниот народ пренесувајки им ги поздравите и благословот од Неговата Светост Патријархот г.г. Иринеј.

Во продолжение беше приредена свечена трпеза на која Епископот г. Марко со одбрани зборови им ја честиташе славата на сите присутни заблагодарувајќи им се на домаќините за приреденото гостољубие.