Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

12.05.2019

На покана од Неговото Преосвештенство Епископот австриско-швајцарски г. Андреј, во неделата посветена на жените Мироносици, Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко, богослужеше света Архиерејска Литургија и беседеше во храмот “Свети Сава”, во Виена, Австрија.

Нему му сослужуваа свештенослужители од Епископијата австриско-швајцарска.

Претходниот ден Епископот г. Марко началствуваше и на вечерната богослужба на којашто беше благословено петолебие.