Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

10.05.2019

На 10 Мај, во Соборниот храм на Свештениот општежителен манастир Ормилија, на Халкидики, Грција, беше отслужено опелото за блаженоупокоениот светогорски Игумен, Архимандритот Емилијан Симонопетритски, духовен отец и ктитор на ормилијската обител.

Во текот на опелото, обраќањето на Константинополскиот Патријарх кон Игуманијата Никодима, го произнесе Митрополитот Милиту г. Апостолос, во молитвено присуство на голем број Архиереји од различни црковни јурисдикции. Свое обраќање имаше и сегашниот симонопетритски Игумен, Архимандритот Елисеј. 

Од Православната Охридска Архиепископија, на опелото сослужуваше Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид.

Да се поклонат пред блаженоупокоениот Старец Емилијан Симонопетритски, дојдоа и православни клирици, монаси и верен народ од Грција, Кипар, Франција, Белорусија, Србија, Романија, Англија и од други краишта на Европа.