Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

05.05.2019

Во првата недела по Пасха, во градот Винерноиштад, Австрија, беше прославен споменот на светиот свештеномаченик Платон бањалучки.

На светата Аехиерејска Литургија, која се служеше во храмот посветен токму на овој свештеномаченик, по покана од Неговото Преосвештенство Епископот австриско-швајцарски г. Андреј, началствуваше Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко, во сослужение на свешеници од Епархијата австриско-швајцарска.

Во беседата на крајот од Литургијата, меѓу другото, Епископот брегалнички г. Марко се осврна и на поврзаноста на светиот свештеномаченик Платон бањалучки со Охридската Архиепископија, бидејќи, во еден краток период пред Втората светска војна овој свештеномаченик бил Епископ во Охрид.