Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

31.05.2018

Американскиот Стејт Департмент го објави извештајот за верските слободи во Р. Македонија за 2017 година. Во извештајот се наведува дека во Март 2017 год., домашните судови повторно го осудија Архиепископот охридски Јован, но и дека власта ѝ конфискувала имот на Православната Охридска Архиепископија.

Стејт Департменот констатира дека Православната Охридска Архиепископија останува оневозможена да се регистрира како верски субјект и дека Европскиот суд за човекови права од Стразбур (ЕСЧП), пресудил дека власта, со одбивањето да ја регистрира, ги прекршила правата на Православната Охридска Архиепископија.

Исто така, ЕСЧП пресуди, Владата на премиерот Зоран Заев да ѝ исплати казна на Православната Охридска Архиепископија. Но, Владата на премиерот Зоран Заев одбра да се жали до Големиот Совет на ЕСЧП. ЕСЧП ја одби жалбата на Владата и ја потврди претходната одлука во корист на Православната Охридска Архиепископија, со што пресудата против Владата на Р. Македонија стана правосилна.

Згора на сѐ, не само до крајот на минатата година, туку до овој миг Владата на премиерот Зоран Заев ја нема исконтактирано Православната Охридска Архиепископија во однос на исплаќањето на казната, која ѝ ја наложи ЕСЧП.

Во извештајот се акцентира и ставот на ЕСЧП  дека властите ја прекршиле Повелбата за заштита на човековите права и основните слободи на верските групи.