Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

08.05.2018

Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко литургиски го прослави својот именден во белградскиот храм „Св. Апостол и Евангелист Марко“.

Нему му сослужуваа Нивните Преосвештенства, Епископите: полошко-кумановскиот и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким, стобискиот и Местобљустител струмички г. Давид и вомировениот канадски г. Георгиј, како и многубројно свештенство на Архиепископијата белградско-карловачка. 

На литургиското собрание присуствуваа и претставници на политичкиот, културен и јавен живот на Р. Србија.

На крајот од богослужбата, со вдахновена беседа, на верниот народ му се обрати Епископот г. Марко.

После Литургијата, за присутните беше приредена трпеза.