Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

06.05.2018

Во неделата на Самарјанката, кога Црквата го празнува и споменот на светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован началствуваше на светата Архиерејска Литургија во храмот „Свети Александар Невски“, во Белград.

На Архиепископот г.г. Јован му сослужуваше Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, како и презвитери и ѓакони од храмовото братство.

После прочитаното Евангелие, на насобраниот народ, со вдахновена беседа му се обрати Архиепископот охридски г.г. Јован.

Презвитерите му се заблагодарија на Архиепископот г.г. Јован за неговата посета, а веднаш после Литургијата, верниот народ имаше можност да се сретне и поразговара со него во парохискиот дом.