Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

06.05.2018

На покана на Неговото Преосвештенство Епископот австриско-швајцарски г. Андреј, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко ја посети Епископијата австриско-швајцарска.

По повод споменот на светиот свештеномаченик Платон бањалучки, на 05 Мај, во сослужение на свештенослужители од Епископијата, Епископот г. Марко служеше света Архиерејска Литургија и проповедаше во храмот посветен токму на овој светител, во градот Винерноиштад.

Следниот ден, на 06 Мај, на празникот на светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, Епископот г. Марко служеше во градот Гмунден.