Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

16.05.2017

На предлог на факултетот за социјална теологија при Националниот и Каподистриски Универзитет на Атина, на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован му беше доделен почесен докторат.

Промоцијата се одржа во свечената сала на Националниот и Каподистриски Универзитет на Атина, во присуство на ректорот, на деканите на теолошките факултети, на бројни професори, на бројни званични личности од академскиот живот на Атина, како и на бројна публика во салата.

На промоцијата присуствуваше и Епископот назијнаски г. Теодорит, како претставник на Неговото Блаженство Архиепископот атински и на цела Елада г.г. Јероним. Исто така, присуствуваа и повеќе други Митрополити на Црквата на Елада, а од Православната Охридска Архиепископија, во придружба на Архиепископот охридски Јован беа и Нивните Преосвештенства Епископот брегалнички и Местобљустител Битолски г. Марко и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид.

Реферат за акдемското дело на Архиепископот охридски Јован произнесе Епископот Авиду г. Кирил, а во продолжение се одржа и свечената промоција и доделувањето на дипломата за почесен докторат.

Потоа, со пригодна омилија, со наслов „Кон нов Свет и Голем Собор“ се обрати Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

Свеченоста заврши со музичка програма на хорот свештеници од Пирејската Митрополија.

Во продолжение, ја пренесуваме омилијата на Архиепископот охридски Јован.

Кон нов Свет и Голем Собор

Ка новом Светом и Великом Сабору

Προς την καινούργια Αγία και Μεγάλη Σύνοδο