Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

14.05.2017

Во неделата на Самарјанката, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован началствуваше на Божествената Мистагогија во соборниот храм на Митрополијата Глифада, посветен на рамноапостолните Св. Константин и неговата мајка, Св. царица Елена. На Архиепископот му сослужуваа Митрополитот на Глифада, г. Павле и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, со бројни свештенослужители од Православната Охридска Архиепископија и Митрополијата на Глифада.

На крајот од светата Литургија, Митрополитот Павле, пред насобраниот народ зборуваше за страдањата кои Архиепископот Јован ги претрпе за единството на Црквата, како и за неговата научна теолошка дејност, која резултира со доделување на почесниот докторат на Народниот и Каподистриски Универзитет на Атина, а Архиепископот охридски Јован му се заблагодари за братското гостољубие и со пригодна беседа се обрати кон народот собран на светата Евхаристија.