Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

13.05.2017

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован допатува во Атина, по повод одлуката на Народниот и Каподистриски универзитет во Атина, да му додели почесен докторат.

Во саботата, Архиепископот охридски Јован началствуваше на вечерната богослужба во манастирот „Св. Нектариј Егински“, во Митрополијата Глифада, една од повеќето митрополии во метрополата Атина. На службата молитвено присуствуваа Митрополитот на Глифада г. Павле од Црквата на Елада и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид.

На покана игуменот на светата обител, Архимандритот Нифон, после вечерната богослужба во просторијата за синакси, Архиепископот охридски Јован одржа предавање за студентите од Митрополијата Глифада, а после предавањето беше предвидено и време за одговарање на бројните прашања.

Пред насобраните студенти, Митрополитот Павле му се заблагодари на Архиепископот Јован за вдахновеното предавање, нарекувајќи го: „современ херој и маченик за единството на Црквата“.