Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

08.05.2017

Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко, го прослави својот именден, споменот на светиот Апостол и Евангелист Марко.

Во параклисот „Свети Николај Мирликијски“, во Штип, беше отслужена света Архиерејска Литургија на која началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

На Архиепископот охридски г.г. Јован му сослужуваа Нивните Преосвештенства Епископот Австријско-Швајцарски на Српската Православна Црква г. Андреј и Епископите од Православната Охридска Архиепископија: Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким, домаќинот, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, како и свештенослужители и ѓакони од повеќе Епископии на Архиепископијата.

После прочитаното Евангелие со вдахновена беседа на народот му се обрати Епископот г. Андреј.

На крајот на Литургијата Архиепископот охридски г.г. Јован со посебно обраќање му го честита и именденот на Епископот г. Марко, на што, со свое слово отпоздрави Епископот брегалнички.

После Литургијата, за сите кои со своето присуство ја зголемија радоста на прославата на светиот Апостол и Евангелист Марко, Епископот брегалнички г. Марко приреди трпеза.