Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

07.04.2021

За големиот празник Благовештение на Пресвета Богородица, во Храмот „На сите скрбешти Радост“, посветен на Мајката Божја, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован сослужуваше на Архиерејската Литургија, заедно со Митрополитот волоколамски г. Иларион и Епископот моравички г. Антониј.

На крајот од богослужбата, Митрополитот волоколамски Иларион го поздрави Архиепископот охридски Јован велејќи: „Јас, од прва рака, знам за тешкотиите со кои се соочивте во Вашата земја, бидејќи Вие бевте во затвор заради исповедање на светото, канонско Православие. Ја имав привилегијата да Ве посетам во затворот, во Скопје. Се сеќавам на нашите разговори и навистина се надевам дека Православната Црква во Македонија ќе се развива и зајакнува со помош Божја и под покровот на Пресвета Богородица“.

Во својот одговор, Архиепископот охридски Јован се осврна на значењето на денешниот празник, му се заблагодари на Митрополитот Иларион за сѐ што прават за Црквата и како дар за Светејшиот Патријарх московски и на цела Русија Кирил на Митрополитот Иларион му ја предаде иконата „Сите Охридски Светители“.