03.04.2021
Архиепископот охридски Јован во посета на Троице-Сергиевата Лавра
На 03 Април 2021 г., Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, кој се наоѓа во посета на Руската Православна Црква, престојуваше во Троице-Сегиевата Лавра.
Заедно со Епископот моравички г. Антониј, настојател на српското подворие во Москва и со нивната придружба, Архиепископот охридски Јован го посети Успенскиот храм во Лаврата и се поклони на светите мошти на угодниците Божји.