Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

29.04.2018

Со свечена Архиерејска Литургија и со чинот на призивот на Светиот Дух, започна овогодинешното редовно заседание на Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква.

Божествената Архиерејска Литургија беше отслужена во Пеќската Патријаршија, а на неа началствуваше Неговата Светост Патријархот српски г.г. Иринеј. Нему му сослужуваше Претстоителот на Православната Охридска Архиепископија, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, како и повеќемина Архијереи на Српската Православна Црква.

Работниот дел на Соборот ќе започне на 30 Април, исто така во Пеќската Патријаршија, а ќе продолжи на 1 Мај во Патријаршијата во Белград. На Соборот учествуваат и сите Архиереји на автономната Охридска Архиепископија, канонската православна црква во Р. Македонија.