Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

28.04.2018

Пред да замине на Архиерејски Собор, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, во саботата на Мироносиците, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

По Литургијата беше извршен помен на Љупчо Ицов чиј погреб пред осум години расколничкиот епископ Агатангел се обиде насилно да го спречи, но за среќа безуспешно. Од ваквите настани може да се процени нивото на духовност на расколничката ерархија.