Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija
→ English

→ Српски

→ Ελληνικά

24.04.2018

Во Ноември 2017 год., Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе пресуда дека Владата на Р. Македонија, со тоа што не ја регистрирала канонската Охридска Архиепископија, ги прекршила Членот 11 и Членот 9, т.е. ги прекршила слободата на здружување и слободата на мислата, совеста и религијата, кои била обврзана да ги почитува согласно на меѓународната Конвенција за човекови права, која ја има потпишано.

Во Февруари, 2018 год., Владата на Р. Македонија одлучи да се жали пред Големиот Совет на споменатиот суд, во однос на донесената пресуда.

Ја известуваме јавноста дека Големиот Совет на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во Април 2018 год., ја одби жалбата на Владата на Р. Македонија, со што претходно донесената пресуда за регистрација на Православната Охридска Архиепископија стана правосилна!