Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

15.04.2018

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован во првата недела по Воскресението Христово, наречена Антипасха, или Томина недела, служеше божествена Литургија во параклисот „Св. Нектариј Егински“, во Скопје.

По прочитаното Евангелие, Неговото Блаженство му се обрати на насобраниот народ со вдахновена беседа, а по завршувањето на богослужбата, верниците имаа можност да поразговараат со својот Архипастир.