Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

13.04.2018

На овој празник посветена е црквата што беше срушена во 2004 година од Бранко Црвенковски, а со потпис на тогашниот министер за транспорт и врски Агрон Буџаку. Црквата беше срушена по барање на МПЦ која го услови раководството на СДСМ што тогаш беше на власт, да ја сруши црквата посветена на Животоприемниот источник, а МПЦ за возврат да не се противи во организирањето референдум за територијалната поделба на Р. Македонија.

На овој ден Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст и проповедаше. Потсети дека за да дојде до некакво измирување, државата, слично како што во Хрватска ги обнови срушените цркви во војната, да ја изгради наново црквата што ја сруши во 2004 година. Црквата нема злопаметење, но има долго паметење, зашто знае да ја почитува историјата, која е учителка на животот.