Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

08.04.2018

Празникот на Воскресението Христово во Православната Охридска Архиепископија, и покрај судскиот прогон врз верска основа, кој сѐ уште трае, оваа година беше празнуван со особена радост. Припадниците на Православната Охридска Архиепископија и на овој голем празник, повторно усрдно се помолија и за сите оние, коишто ја гонат сеправославно признатата Православна Охридска Архиепископија.

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован за Пасха богослужеше во Ставропигијалниот манастир „Свети Јован Златоуст“, Битола.

Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким богослужеше во Куманово.

Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко му сослужуваше на Неговата Светост Патријархот јерусалимски г. Теофил, во Светиот Град - Јерусалим.

Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид богослужеше во Скопје.

Овој празник на победата на животот над смртта, беше торжествено прославен и во сите други богослужбени места на Православната Охридска Архиепископија.

Христос Воскресна!