Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

01.04.2018

На денот кога Црквата го празнува влегувањето Христово во Јерусалим, Цветници, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, началствуваше на светата Архиерејска Литургија во манастирот „Успение Богородично“, Скопје. На Архиепископот охридски Јован му сослужуваа Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, како и повеќемина свештенослужители од Рашко-призренската Епископија на Српската Православна Црква и од Православната Охридска Архиепископија.

Покрај манастирската певница, на Литургијата пееја и богословите од призренската богословија.

Согласно на црковниот поредок, Архиепископот охридски Јован ги благослови врбовите гранчиња и ги раздаде на верниот народ. После прочитаното евангелско чтение, Архиепископот охридски Јован ја произнесе својата вдахновена омилија за значењето на денешниот празник.

По завршувањето на Литургијата беше приредено послужување, а во манастирската гостоприемница, покрај нашите кавали, свој настап имаше и групата „Косовски божури“.