Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

01.04.2018

На празникот на Христовото влегување во Јерусалим, Цветници, Неговата Светост Патријархот јерусалимски г.г. Теофил служеше света Литургија во храмот на Христовото Воскресение во Јерусалим.

Покрај Епископот брегалнички г. Марко, на Патријархот му сослужуваа Архиереји на јерусалимската и московската Патријаршија: Архиепископот герасеонски г. Теофан, Митрополитот на Нижњи Новогород г. Георгиј, Митрополитот константински г. Аристарх, Митрополитот на Тавор г. Методиј, Митрополитот еленополски г. Јоаким, Архиепископот витебски г. Димитриј, Епископот котласки г. Василиј и повеќе свештенослужители од повеќе помесни Православни Цркви.

По Литургијата беше направена литија околу гробот Христов