Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

28.03.2021

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, во втората недела од Великиот пост, посветена на Светиот Григориј Палама, началствуваше и проповедаше на светата Архиерејска Литургија во Подворјето на Српската Православна Црква во Москва, во храмот посветен на Светите Апостоли Петар и Павле.

На Архиепископот Јован му сослужуваше Епископот моравички г. Антониј, Викар на српскиот Патријарх, со повеќе свештеници и ѓакони.

Извор: http://serbskoe-podvorie.ru/photo/2857/