Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

25.03.2021

На 25 Март 2021 г. започна престојот на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован во Русија. Неговата посета на Москва е по благослов на Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј.

На аеродромот „Внуково“ Архиепископот Јован беше пречекан од заменикот на Одделот за надворешни црковни врски (ОНЦВ) на Московскиот Патријархат, Архиепископот Владикавказски и Алански г. Леонид, настојателот на Подворјето на Српската Православна Црква во Москва, Епископот моравички г. Антониј, вонредниот и полномоштен Амбасадор на Р. Србија, г. М. Лазански, вицеконзулот на Србија г. М. Маниќ, соработникот на српската Амбасада Н. Трифуновиќ и соработникот на ОНЦВ, г. А. Ј. Хошев.

Во разговорот на средбата, Владиката Леонид на високиот гостин му ги пренесе топлите поздрави од претседателот на ОНЦВ, Митрополитот волоколамски г. Иларион.

Во придружба на Архиепископот Јован е клирикот на Православната Охридска Архиепископија, јероѓаконот Еразмо (Бранковски).

Извор: https://mospat.ru/ru/news/86859/