Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

31.03.2020

Од Епископијата ваљевска на Српската Православна Црква беше соопштено: со голема тага и вера во воскресението во Царството небесно, ја известуваме јавноста дека во ноќта на 30-ти Март во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ во Белград се упокои нашиот драг духовен отец, Преосвештениот Епископ ваљевски г. Милутин, по кратко боледување предизвикано од корона вирусот. Нека Господ му подари Царство небесно и вечен покој!

Извор: spc.rs