07.03.2010
Во неделата Крстопоклона Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован отслужи света Литургија во Штип
Во третата недела од Велигденскиот пост на покана од неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко, Блаженејшиот Архиепископ охридски и Митрополит скопски г.г. Јован отслужи света Литургија во параклисот „Свети Николај Мирликијски” во Штип.
Во беседата по прочитаното Евангелие Архиепископот г.г. Јован зборуваше за крстот како начин на живот на Христијаните.
Сними ја беседата
На крајот од Литургијата Епископот г. Марко го поздрави Архиепископот г.г. Јован посакувајќи му и од името на верниот народ на брегалничката Епископија топло добредојде. Архиепископот г.г. Јован заблагодарувајќи се на поканата ја изрази својата радост што после претрпениот прогон повторно може да ги види лицата на поверениот му од Бога верен народ.
Сними го обраќањето


