Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

14.02.2021

Во 36-тата недела по Педесетница Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован присуствуваше на Литургијата и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Беседејќи на перикопата од Евангелието за царинарникот Закхеј зборуваше за неговата добра желба, која претходи на секое добро дело што го прави човекот. Ја спореди со добрата желба на присутните во храмот кои занемарувајќи го фактот дека треба да газат еден метар снег за да учествуваат во Литургијата, претходно патувале по неисчистен од снегот коловоз и дека не ја сметале за препрека ниту многу ниската температура, имале само добра желба да бидат со Христа, а желбата била помогната од самиот Него, зашто Тој ги помага сите наши добри желби да се остварат како добри дела.