Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

06.02.2019

На покана од Неговото Преосвештенство Епископот крушевачки г. Давид, на чествувањето на светата Ксенија Петрогратска, кое се одржа на 6-ти Февруари 2019 г., во местото Мудраковац, кај Крушевац, Р. Србија, учествуваше Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко.

Во храмот посветен на Света Троица, во Мудраковац, кадешто има и параклис посветен на светата Ксенија Петроградска, се отслужи света Архиерејска Литургија на која началствуваше Епископот брегалничи г. Марко во сослужение на Епископот домаќин г. Давид, храмовото братство, како и свештенослужители од повеќе епархии на Српската Православна Црква.

Во текот на светата Литургија, по прочитаното Евангелие, со пригодна беседа се обрати Епископот брегалнички г. Марко, истовремено честитајќи им го празникот на сите присутни. На крајот од Литургијата, Епископот крушевачки г. Давид, со благодарствено слово им се заблагодари на сите гости, кои со нивното присуство го увеличаа празнувањето.

По Литургијата, за присутните гости беше приредена свечена трпеза и културно уметничка програма, на која, од страна на детски хор и хорот при храмот Света Троица, беа изведени духовни и народни изворни песни од Р. Србија и Р. Македонија.