Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

02.02.2019

На празникот Сретение Господово според новиот календар, со црковно благолепие, во митрополитскиот храм „Преображение Господово“, во Килкис (Кукуш), Грција, беше отслужена света Архиерејска Литургија.

На Литургијата началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот полјанис и килкисиу г. Емануил, во сослужение на Митрополитот еласонас г. Харитон и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, како и мноштво свештенослужители од повеќе епархии.

На Литургијата Митрополитот г. Емануил го ракоположи јероѓаконот Нектариј во презвитерски чин.

После Литургијата за присутните беше приредена трпеза.