Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

11.02.2018

На денот на споменот на св. мч-чка Евлалија која е заштитничка на градот Барселона, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, во сослужение на Епископот браничевски г. Игнатиј и во молитвено присуство на Епископот пастироначалник на западноевропската епархија г. Лука, началствуваше на Литургијата во храмот Покров на Пресвета Богородица, во Барселона, каде проповедаше и изврши хиротонија во презвитерски чин на ѓаконот Хозе Сантос.

Парохијата Покров на Пресвета Богородица точно пред 30 години прејде под јурисдикција на Српската Православна Црква, а сега во Шпанија и Каталонија има 18 парохии во кои служат свештеници Шпанци и Каталонци, а сите припаѓаат на јурисдикцијата на западноевропската епархија на Српската Православна Црква.