Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

02.02.2018

На празникот Сретение Господово според новиот календар, со црковно благолепие, во митрополитскиот храм „Преображение Господово“, во Килкис (Кукуш), беше отслужена света Архиерејска Литургија.

На Литургијата началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полјанис и Килкисиу г. Емануил, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, како и мноштво свештенослужители од повеќе епархии.

На Литургијата Митрополитот г. Емануил го ракоположи во ѓаконски чин монахот Филотеј.

Во храмот, на поклонение бие изложени и моштите на светите Николај, Рафаил и Ирина.