17.02.2010
Излезе од печат новиот број на „Црква“, службениот билтен на Православната Охридска Архиепископија
Новиот број на „Црква“, службениот билтен на Православната Охридска Архиепископија, излезе од печат. Во овој број на билтенот, којшто излегува шеста година по ред, е опфатен периодот од Јануари до Декември 2009, но и вестите поврзани со изборот на новиот Патријарх на Српската Православна Црква.
Во ова издание се поместени поважните преписки, посланија и соопштенија на Православната Охридска Архиепископија во посочениот период, како и биографијата на Патријархот г.г. Иринеј и текстот на Владиката Григориј захумско-херцеовачки „За комуникацијата“
Целата содржина на билтенот е достапна на следната адреса: http://poa-info.org/izdavastvo/crkva/crkva-g6/sodrzina.html
