14.01.2023
На Обрезание Христово и на денот на Новата Година Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола
На празникот на Обрезанието Христово, на денот на споменот на Св. Василиј Архиепископот на Кесарија Кападокијска и на денот на Новата Година, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.
По Литургијата беше отслужена Доксологија за почетокот на Новата Година, а на крајот беше пресечена Василопитата со паричка.