Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

05.01.2023

Во почетокот на декември минатата година, од печат излезе православниот календар за 2023 г., во издание на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска. Овој календар е посветен на саможртвената љубов Христова.

Календарот започнува со пролог од Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, насловен „Христовото самопонижување“, којшто во продолжение го пренесуваме во целост.

Во ова издание, поместена е беседата на Преподобниот Јустин Ќелијски, искажана на Велики Петок одржана во патријаршискиот храм во Карловци во 1924 година.

Како и секоја година, во календарот се отпечатени и табелите со евангелските и апостолските читања за неделите и за сите поголеми празници во годината, како и кратки поуки.

Календар 2023