Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

02.01.2023

Празникот на Св. Игнатиј Богоносец, кој е слава на Неговото Преосвештенство Епископот врањски г. Пахомиј, беше свечено прославен со света Архиерејска Литургија во Соборниот Храм „Света Троица“, во Врање.

На Литургијата началствуваше Преосвештениот епископ бихачко-петровачки г. Сергиј во сослужување со Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид од Православната Охридска Архиепископија, на Високопреосвештениот Митрополит брегалнички г. Иларион од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на Преосвештените Епископи: шумадискиот г. Јован, мохачкиот г. Дамаскин, хвостанскиот г. Алексеј и домаќинот, Епископот врањски г. Пахомиј, од Српската Православна Црква.

После прочитаното евангелско зачало беседеше Епископот стобиски г. Давид.

На Литургијата молитвено беше присутен и Неговата Светост Патријарх српски г.г. Порфириј, кој ги благослови славскиот колач и коливото.