Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

14.01.2021

На празникот на Обрезанието Христово, на денот на споменот на Св. Василиј Архиепископот на Кесарија Кападокијска и на денот на Новата Година, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

По Литургијата беше отслужена Доксологија за почетокот на Новата Година, а на крајот беше пресечена Василопитата со паричка.