Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

12.01.2020

Во неделата на светите богоотци, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк, цар и псалмопевец Давид, Неговото Преосвештество Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, го прослави својот именден.

На утрената богослужба началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован. Во молитвено присуство на Претстојателот на Православната Охридска Архиепископија, Архиепископот г.г. Јован, на светата Литургија во манастирот „Успение Богородично“, Скопје, началствуваше Епископот г. Давид, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко, како и на свештенослужители од Православната Охридска Архиепископија.

На Литургијата, после прочитаното Евангелие, вдахновено беседеше Архиепископот г.г. Јован, воедно честитајќи му го именденот на Епископот г. Давид.

На крајот од Литургијата, со кратко поздравно обраќање, упатено кон Архиепископот г.г. Јован се обрати и Епископот г. Давид, кој благодарејќи му на Блаженејшиот Архиепископ г.г. Јован, истовремено им упати изрази на благодарност и на Епископот г. Марко, на чесното свештенство, на игуманијата Кирана со сестринството и на собраниот верен народ, за честитките по повод именденот.

После завршувањето на Литургијата, за присутните беше приредена трпеза, а беа изведени и изворни народни песни.