Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

14.01.2019

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше Божествена Литургија во параклисот Свети Нектариј Егински, во Скопје, на денот кога Православната Црква го празнува споменот на Обрезанието Господово и на светиот Василиј Велики, Архиепископ на Кесарија Кападокиска.

По прочитаното Евангелие, Архиепископот Јован му се обрати на верниот народ со вдахновена беседа.

На крајот на Литургијата беше благословено коливо, а по службата Архиепископот Јован ја благослови василопитата.