Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

13.01.2019

Во неделата на светите богоотци, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк, цар и псалмопевец Давид, Неговото Преосвештество Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, го прослави својот именден.

Во молитвено присуство на Претстојателот на Православната Охридска Архиепископија, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, на светата Литургија во манастирот „Успение Богородично“, Скопје, началствуваше Епископот г. Давид, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко, како и на свештенослужители од Православната Охридска Архиепископија.

На Литургијата, после прочитаното Евангелие, беседеше Епископот г. Марко.

После благословувањето на коливото, на верниот народ со вдахновена беседа му се обрати Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, воедно честитајќи му го именденот на Епископот г. Давид.

Со кратко поздравно обраќање, упатено кон Архиепископот г.г. Јован се обрати и Епископот г. Давид, кој благодарејќи му на Блаженејшиот Архиепископ г.г. Јован, истовремено им заблагодари и на Епископот г. Марко, на чесното свештенство, на игуманијата Кирана со сестринството и на собраниот верен народ на честитките за именденот.

После завршувањето на Литургијата, за присутните беше приредена трпеза, а во изведба на кавали беа исполнувани и изворни народни песни.