Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

02.01.2019

По повод празникот на светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец, во соборниот храм, посветен на „Света Троица”, во Врање, беше отслужена света Литургија.

На Литургијата началствуваше Епископот врањски г. Пахомиј, којшто воедно ја прослави и својата слава. Нему му сослужуваа Нивните преосвештенства, Епископите: шумадискиот г. Јован, брегалничкиот и Местобљустител битолски г. Марко и нишкиот г. Арсениј, во молитвено присуство на Митрополитот загребачко-љубљански г. Порфириј.

На литургијата беседеше Епископот г. Марко, кој на присутните им го пренесе благословот и поздравите од Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, и од свое лично име и од името на присутните му ја честиташе славата на Епископот домаќин.

Коливото и славскиот колач ги благослови Митрополитот г. Порфириј.

По Литургијата за сите гости беше приредена пригодна трпеза.