Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

27.01.2018

На покана на Неговото Преосвештенство, Епископот австриско-швајцарски и администратор франкфуртски и на цела Германија г. Андреј, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко учествуваше во прославата на празникот на светиот Сава, прв Архиепископ српски во Виена.

Поради обврски на Епископот домаќин г. Андреј во друг град на Епископијата,  благоизволи во храмот посветен на свети Сава во Виена, на празничната вечерна богослужба, во навечерието на празникот, како и на Литургијата на самиот празник, да началствува Епископот брегалнички г. Марко во сослужение на свештениците од Епископијата австриско-швајцарска и Германија.

Во беседата после прочитаното Евангелие, Епископот г. Марко им ја честита храмовата слава на свештениците и верниците и им ги пренесе поздравите и благословот од Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

По Литургија прославата продолжи со свечена празнична трпеза и пригодна програма.

Во неделата на митарот и фарисејот, Епископот г. Марко служеше света Литургија во храмот посветен на рождеството на Пресвета Богородица во Виена, а му сослужуваа парохиските свештениците при храмот.

Прославата на празникот заврши во неделата попладне со завршната духовна академија на којашто, покрај Епископот г. Марко, присуствуваше и Епископот домаќин г. Андреј.