Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

08.01.2018

На празникот на светите богоотци, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк, цар и псалмопевец Давид, Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, го прослави својот именден.

На светата Архиерејска Литургија началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, во сослужение на Нивните Преосвештенства, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, како и на свештенослужители од Православната Охридска Архиепископија и рашко-призренската Епископија.

После благословувањето на коливото, на верниот народ со вдахновена беседа му се обрати Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, воедно честитајќи му го именденот на Епископот г. Давид.

Со поздравно слово упатено кон Архиепископот г.г. Јован се обрати и Епископот г. Давид, кој истовремено им се заблагодари на Блаженејшиот Архиепископ г.г. Јован, на Епископот г. Марко, на чесното свештенство, на игуманијата Кирана со сестринството и на собраниот верен народ на честитките за именденот.

После завршувањето на Литургијата, за присутните беше приредена трпеза, а во изведба на кавали беа исполнувани и изворни народни песни.