Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

07.01.2018

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, за празникот на Рождеството Христово богослужеше во Ставропигијалниот Манастир „Свети Јован Златоуст“, во Нижеполе, Битола.

Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким богослужеше во Куманово.

Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко богослужеше во Штип.

Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид богослужеше во Скопје.

Божикни Литургии беа отслужени и во сите други богослужбени места на Православната Охридска Архиепископија.