Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

02.01.2018

Во катедралниот храм, посветен на „Света Троица”, во Врање, беше прославен празникот на светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец, којшто е слава на Епископот врањски г. Пахомиј.

На Литургијата началствуваше Епископот нишки г. Арсениј, а му сослужуваа Епископите: новосадскиот и бачки г. Иринеј, шумадискиот г. Јован, брегалничкиот г. Марко, бихачко-петровачкиот г. Сергиј, вомировениот милешевски г. Филарет и врањскиот г. Пахомиј.

После прочитаното Евангелие беседеше Епископот новосадски и  бачки г. Иринеј.

На крајот од Литургијата беше благословено коливото и славскиот колач, а потоа Епископот нишки г. Арсениј, со пригодно обраќање, од името на сите Архиереји што сослужуваа и од свое лично име, му ја честиташе славата на врањскиот Епископ г. Пахомиј,  на што домаќинот возврати со благодарно слово.

После Литургијата за сите гости беше приредена трпеза на љубовта.