Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija
→ Ελληνικά

→ Русский

28.06.2023

Православната Охридска Архиепископија која ја исполни смислата на своето административно постоење како автономна Црква во канонското подрачје на Српската Православна Црква, сведочејќи го единството на Црквата сиве изминати 20 години, повеќето поминати во гонења и понижувања, по давањето на автокефалијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Српската Православна Црква и прифаќањето на сите архиереи на Православната Охридска Архиепископија да бидат под јурисдикција на споменатата Црква, целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и ја прекинува секоја надградба на содржините на официјалната интернет презентација на Православната Охридска Архиепископија. Бидејќи постои заинтересираност за повеќето од содржините презентирани на оваа интернет страница, до страницата и понатаму ќе биде можен интернет пристап кон истата, благодарение на спонзорот кој ќе ги подмирува трошоците кои ги испорачува понудувачот на интернет услугата, но страницата веќе нема да се надградува со нови материјали.

Благодариме на сите кои помогнаа, со своето знаење, пожртвуваност и добра волја да се одржи оваа интернет презентација и истата длабоко да допринесе за единството на Црквата Божја.